Жителите на Загреб веројатно оваа есен ќе одлучуваат на референдум дали во хрватскиот главен град ќе го имаат или не Плоштадот Маршал Тито.

– Градоначалникот подготвува одлука за референдум. Таа би требало да се најде во градското Собрание две или три недели по првата, конститутивна седница, изјави Јелена Павичиќ Вукичевиќ, заменик градоначалник на Милан Бандиќ.

Плоштадот Маршал Тито долги години претставува спорно прашање во Загреб.

Бандиќ неодамна истакна дека тој нема да го менува името, бидејќи „две истражувања покажале целосна поделеност на жителите на Загреб околу тоа прашање“. И во двете анкети за еден отсто преовладува мислењето дека Плоштадот на Јосип Броз Тито сепак треба да го смени името.

Досега најчеста опција за промена на името била Плоштад на театарот.

Конститутивната седница на градското Собрание треба да биде одржана на 29 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2017 13:11