Голем пожар зафати станбена зграда во Лондон. Очевидци велат дека виделе луѓе кои биле заробени во своите домови како и дека неколкумина се обиделе да скокнат за да си го спасат животот. Повеќе од 200 пожарникари учествуваа во гаснење на пожарот, а околу 20 амбулантни возила беа распоредени на местото на инцидентот за да се преземат сите потребни мерки за повредените. Според податоците, откако започнал пожарот евакуацијата траела со часови. Градоначалникот на Лондон Садик Кан го нарече случајот, навистина сериозен инцидент.
Многу од семејствата биле принудувани да се молат за своите животи, заробени во „пеколот“ , а дел од луѓето се уште се заробени на последниот 27-ми кат од зградата.
Во овој момент повеќе од 600 жители останаа без покрив на главата, а пожарот го предизвикал неисправен фрижидер.
Според неофицијалните информации десетина деца се водат за исчезнати, а се верува и дека неколку станари на зградата скокнале од 10 и 15 кат се со цел да се спасат од огнот.
Една од сведоците е и пожарникарката Дани Памук која вели дека обемот на загинати лица се поголем од час на час и дека ова е најголемиот пожар што го видела во нејзината 29 годишна кариера.