Американската телекомуникациска компанија Верајзон заврши бизнис зделка вредна 4,5 милијарди долари за преземање на интернет бизнисите на Јаху. Предвидено е воведување нов раководен тим во обид да се зголеми приходите од огласувачи во еден од најпознатите интернет брендови.

Со заклучување на продажбата на Јаху, се завршува 21-годишното постоење на таа компанија на берза.

Мејлот на Јаху и други дигитални услуги како што се спорт, финансии и вести ќе ги води Тим Армстронг кој го водеше АОЛ. Тој ќе биде директор на новата ќерка-фирма на Верајзон наречена Оатх во која ќе бидат Јаху у разни услуги на АОЛ.

Верајзон не добива удел во Јаху во две азиски интернет компании Алибаба Груп и Јаху Јапонија. Тој удел оди во рамки на новата компанија наречена Алтаба која ќе наследи осум милијарди долари од Јаху. Таа фирма ќе биде на берза идната недела кога ќе може да се купуваат нејзини акции.

Верајзон е најголем американски бежичен провајдер смета на комбинација на Јаху и АОЛ да изгради алтернатива на рапидно растечкиот пазар на дигитален маркетинг каде сега доминираат Гугл и Фејсбук. Приходите на Јаху од реклами беа во пад во голем дел од минатата деценија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2017 16:35