Актуелниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска е на терен во Росоман каде има средби со овоштарите, се со цел надминување на нивните проблеми и пронаоѓање на решение. Земјоделците се соочуваат со проблем поврзан со откупот на земјоделските производи. Во моментов алармантна е ситуацијата со производителите на праски во државава.

Денес сум на увид во состојбата со актуелниот откуп на праски во Росоман и овој регион и катастрофалната состојба со откупната цена и штетите предизвикани од априлскиот мраз, да посетам откупни пунктови и заедно во разговори со овоштарите и откупувачите да ги слушнам нивните предлози и идеи и заеднички да наоѓаме решенија кои ќе значат надминување на состојбата на овие проблеми. По априлскиот мраз, ние како техничка влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесовме одлуки на итна вонредна седница да се формираат стручни комисии согласно законот за земјоделство и рурален развој и да се предложат измени на програмата за финансиска поддршка во земјоделството и на уредбата за директни плаќања, со цел да се обезбедат средства за 100 процентна исплата на штетите предизивикана од пролетниот мраз, вели Костадиновски.

Тој додава дека состојбата со овоштарството е лоша оваа година.

Сакаме да бидеме заедно со нив и заедно да најдеме одредено решение кое ќе значи надминување на состојбите со овошните насади. Има два аспекти оваа катастрофална состојба. Прво итно состанување на владата на вонредна седница за да се донесе одлука за утврдување до кој процент на утврдената штети ќе бидат надоместите. Ние тоа, како претходна влада особено во земјоделските штети го надоместувавме во 100 процентен износ од проценетата штета која ја вршеа стручни лица. Вториот аспект е дека мразот како неповолна временска состојба предизвика проблеми во делот на производот и на квалитетот со што директно влијае на откупната цена, а и на пласманот на македонската праска на странскиот пазар. Ние ги поддржуваме овоштарите во нивните барањата и се надеваме на надминување на проблемите, додава Костадиновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2017 13:31