ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на брифингот на Министерството за одбрана.
Буџетот на Министерството за одбрана е во добра кондиција, а четирите договори се поништени на писмено барање на началникот на Генералштабот на АРМ.
АРМ и граѓаните немаат апсолутно никаква корист од манипулациите на СДС и нивната упорна намера да глумат опозиција. СДС ја превзеде одговорноста да го води министерството за одбрана и да ги реализира проектите и реформите кои ги ветуваа за подобрување на статусот на вработените во одбраната.
Вкупниот буџет на Министеството за одбрана заклучно со мај беше во добра кондиција, односно има доволно средства за извршување на сите функции на одбраната. Точно е дека на ставката расходи за дневници за ангажманот на АРМ на јужната граница како и за стражарска служба се потрошени повеќе од планираните и затоа уште во април е побарано пренамена на средства од други ставки. Тоа е техничка операција, која Министерството за финансии, формално треба да ја одобри, бидејќи има доволно средства на другите ставки на буџетот.