Во поглед на трошоците за мебел, како што и е познато на јавноста во март оваа година се пушти во употреба новиот дограден 3 спрат на Министерството за одбрана и сосема нормално е да се набави нов мебел за над 50-тина нови канцеларии. Сите средства од буџетот се потрошени за подобрување на условите во кои работат лицата во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ. Ниту еден денар не е потрошен за опремување на кабинетот на министерот за одбрана, заменик министерот, ниту пак советниците на Министерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2017 00:58