Во поглед на четирите договори за модернизација кои беа поништени тоа е сторено врз основа на две писмени барања на началникот на Генералштабот на АРМ. Опремата што требаше да се набави со овие договори, беше во согласност со спецификациите добиени од Генералштабот на АРМ. Ова е потврдено од извештаите на Комисиите за техничка евалуација на добиените понуди, составена од официри од АРМ. По финансиската евалуација беа потпишани гореспоменатите договори со најповолниот понудувач. Со цел да се надминат дополнителните промени што ги побара Генералштабот на АРМ се реализирани над 10-тина состаноци на претставаници на ГШ на АРМ и Елбит во периодот од септември 2016 до мај 2017.

По двете писма добиени од началникот на Генералштабот на АРМ и состаноците со компанијата која беше избрана како најповолна, беше очигледно дека ГШ на АРМ не беше подготвено да влезе во последната фаза, односно имплементација на договорите. По извештаите на работните групи за имплементација на договорите на последните средбите на 28 и 29.05.2017 година беше донесен заклучок дека е најдобро да се поништат овие договори. Со компанијата Елбит беше договорено дека нема да има никакви негативни финансиски имликации врз Министерството“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2017 01:04