Абилити Ап е смарт апликација која ќе им помага на лицата со попреченост да се движат на јавни места, давајќи им информации за тоа каде има рампа за ортопедска количка, паркинг простор, ресторани со менија на Брајово писмо и други слични корисни информации.

Креатор на оваа програма е 12-годишниот Александер Нол од Ајдахо, САД. Тој дошол на идејата кога видел како некој во својата ортопедска количка се бори да отвори една најобична врата.

– Се интересирав дали постои апликација или интернет страница која би му помогнала со информации, кои продавници во тоа подрачје имаат автоматска врата, рече момчето за НБЦ Њуз.

Вистинското решение на овој проблем е – не само некои, туку сите објекти од јавен интерес да имаат обезбедено целосен пристап за лицата со попреченост.

Но, се дотогаш, оваа апликација е корисен извор на информации.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2017 01:31