Пинтерест објави дека инвестирал 150 милиони долари во подобрување на оваа мрежа со што вредноста на својата компанија ја зголемија на 12,3 милијарди долари.
Пинтерест со седиште во Сан Франциско е една од ретките приватни стартап компании која вреди над 10 милијарди долари.
Со 175 милиони месечни корисници објавија дека ќе вложат милиони долари за да го подобрат изгледот, пребарувањето и препораките на сајтот, но и да го унапредат приказот на рекламите на своите корисници.
„Се зборуваше дека компанијата ќе има 500 милиони долари приходи” – рече Рон Конвеј, кој вложи во Пинтерест преку својата фирма SV Angel и додаде дека сајтот сега има шанса да заработи уште повеќе пари бидејќи „корисниците одат на Пинтерест од комерцијални намери”.
„Тие бараат рецепт и сакаат да купат се што е наведено во рецептот” – заклучи тој.