Фејсбук одлучи на своите корисници да им овозможи GIF анимации и во коментарите.
Увидувајќи дека се навистина популарни во форма на статус, се верува дека ќе ја имаат истата популарност во облик на коментар.
Согласно податоците на Фејсбук само минатата година на Месинџер се прегледани повеќе од 13 милијарди GIF-ови.
Од компанијата известуваат дека воведувањето на оваа опција е резултат на прославувањето на 30 годишнината на овој формат, создаден од Стив Вилхајт на 15 јуни 1987 година. Исто така, прославата ќе вклучува соработка со популарниот сервис „Giphy“.