За оптимално здравје и беспрекорно функционирање на сите органи во телото, а посебно мозокот, потребни ни се витамините кои ги внесуваме преку храната.
Без разлика дали ги внесувате доволно преку свежа и здрава храна, има неколку навики кои ја оневозможуваат целосната апсорпција на истите.
Алкохол
Пиењето алкохол ги уништува витамините А, Ц и Б комплекс. Ако веќе ви е потребна по некоја чашка неделно ( во умереноста е здравјето) тогаш решете се за чаша црно вино кое е полно антиоксиданси или кригла темно пиво богато со Б витамини.
Кофеин
Бидејќи кофеинот делува како деуретик, со течноста која ја исцрпува од вашиот организам, брзо се исфрлаат и витамините растворливи во вода, а со тоа се спречува апсорпцијата и на калциум и железо. Кофеинот исто така, поттикнува зголемено лачење на хормонот на стрес – адреналинот.
Запомнете дека кофеин има во повеќето енергетски или газирани пијалаци, а евентуална здрава варијанта би бил зелениот чај кој е богат со антиоксиданси.
Стрес
Може не го сметате стресот за навика, но тој е баш тоа. На многу нивоа, како го доживувате стресот е ваш избор. Кога е под стрес, телото како лудо ги троши Б витамините, па затоа и поголемо количество на овие витамини може да делува антистресно.
Секако, најдобро е да научите како да се справувате со стресните ситуации.
Шеќер
Шеќерот е една од најштетните храни, а сепак е најтешко да го избегнеме. Некои нутриционисти го нарекуваат „анти-витамин“.
Бидејќи тој нема никаква нутритивна вредност, за да телото го свари мора да „украде“ нутриенти. Така телото останува без витамин Ц, Е и . Поради истата функција од коските и забите се извлекуваат минералите калциум и магнезиум, па така станувате подложни на остеопороза и кариес.
Тутун
Веќе добро знаете дека пушењето е апсолутно штетно за здравјето. Телото останува без сите витамини, а најмногу се троши најбитниот од нив, витаминот Ц. Овој витамин е битен за формирање на колаген, па пушењето видливо ја оштетува кожата и врзивните ткива во телото.