СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга. СДС и нивните коалициски партнери ја претвараат Струга од бисер на Охридското езеро во депонија. СДС и нивните партнери со својата неспособност ја загрозуваат летната туристичка сезона. Револтот од граѓаните кон владата на СДС расте. Се поочигледна е негрижата на владата на СДС за граѓаните на Република Македонија.
Додека министрите од владата на СДС секој ден се среќаваат со разни амбасадори, стружани се гушат од густиот чад кој доаѓа од депонијата која секој ден гори.
Владата на СДС е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ побараа по итна постапка да се одржи седница на која што ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонијата која што со денови ги труе стружани.
Дури и Талат Џафери на крајно недемократски начин се обиде да ја затвори оваа тема и не дозволуваше порцедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓутоа, темата за депонијата во Струга е важна. Не може и не смее да биде замолчена со одземање на збор на пратеник.
СДС не смее да ги игнорира реалните проблеми. СДС ја води владата и мора да почне да работи.
Граѓаните бараат да се исполнат дадените ветувања. Граѓаните со нетрпение ги очекуваат најавените 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата и тоа веднаш. Лекарите очекуваат 100.000 денари плата како што СДС им вети.
Граѓаните од СДС очекуваат нови 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на 15% на потрошениот ДДВ кое СДС го вети и беше една од носечките проекти во изборната кампања.
Време е СДС да почне да работи на исполнување на дадените ветувања, бидејќи граѓаните сакаат работа и посветеност, како што тоа го правеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.