Јавна соба објави повик за продукција на музички спотови за поединци и музички групи кои досега немаат снимено спот за своите песни...

Повикот предвидува до пет авторски бендови или индивидуални автори на музика од Македонија да снимат спотови, како и нивна промоција онлајн, на социјалните мрежи и во живо. Краен рок за пријавување на повикот е 30 јуни 2017.

Музички бендови и поединци кои се автори на музика можат да се приклучат кон проектот „Дотерај го Скопје“ и да снимат музички спотови. Повикот е достапен на error501.mk/music.

Продукцијата и промоцијата на авторска музика е дел од проектот „Дотерај го Скопје“, кој ќе кулминира во период 1 – 3 септември со фотографска изложба од сите урбани интервенции низ Скопје, презентации од страна на урбаните херои кои имаат засадено бршлени низ градот, видео инсталации, гастро перформанси и богата музичка програма и дружење.

Проектот „Дотерај го Скопје“ се реализира во рамки на кампањата „Мрдни со Прст” и има за цел да влијае на подигнување на граѓанската свест за урбани прашања и поттикнување на граѓански активизам.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2017 18:24