Владата на СДС ја има одговорноста да се грижи за граѓаните на Република Македонија.
Владата на СДС не смее да ги игнорира секојдневните проблеми на земјоделците.
Земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна.
СДС наместо да држи празни прес конференции нека излезе со сет реални мерки за да им помогне на земјоделците.
Земјоделците поради важноста на оваа гранка секогаш беа приоритет на владите на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ сега од СДС бара под итно да преземат 4 основни чекори.
Прво, да се зголемат субвенциите за поддршка за одржување на овошните насади за 2017-та година, најмалку 50%.
Второ, државата да се вклучи во пронаоѓање на нови пазари за извоз на праски.
Трето, додека македонските праски скапуваат имаме информации дека се увезуваат преку 1.200 тони евтини праски од соседството. Државата итно да се вклучи во заштита на македонските земјоделски производи.
Четврто ја повикуваме Владата да излезе итно со одлука за 100% обесштетување на штетите кај овоштарите. Вакви мерки беа носени во минатото со цел на земјоделците да им се излезе во пресрет и да им се помогне во надоместување на штетата.
Ова се мерки кои вистински ќе им помогнат на земјоделците.
Земјоделците очекуваат новата влада на СДС да ги решава проблемите со кои се тие соочуваат, наместо СДС да спроведуваа антиреформи.
На земјоделците им е потребна континуирана грижа и реални мерки, а не залажување со неефективни мерки.
Граѓаните на Република Македонија ги очекуваат и другите предизборни ветувања од СДС, очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари.
СДС треба да им каже на граѓаните до каде се новите 500 километри автопат кои им ги вети.
Граѓаните се во исчекување Владата на СДС да им исплати по 30.000 денари со поврат на 15% од потрошеното ДДВ, што беше едно од носечките ветувања во програмата на СДС.