По однос на јавните реакции за моето именување за амбасадор и шеф на мисијата на Република Македонија во Европската унија би сакал да кажам дека одговорите на сите прашања лежат во Уставот на Република Македонија и законот за надворешни работи, истакнува во писмена реакција Александар Николоски.

„Почитувањето на истите нема алтернатива. Исто така врвен приоритет за Македонија е да се подобри нејзиниот углед во ЕУ што би го олеснило интегративниот процес, а тој углед во Бриел можеме да го подобриме само со широк политички и општествен консензус, а не со политикантски препукувања. Како Амбасадор на Република Македонија во ЕУ, ќе ги претставувам сите наши граѓани, сите државни институции и фактори и заради тоа не се кандидирав за претеник на последните избори, и се повлеков од сите функции во ПС на Совет на Европа, како и од сите партиски функции. Сметам дека за оваа битна дипломатска тема не е потребно медиумско надмудрување, туку координација и усогласување помеѓу Претседателот на Република Македонија, Премиерот, Министерот за надворешни работи и мене како Амбасадор.Така ќе ја поштедиме јавноста од јавни препукувања, а достојно ќе се усогласиме за интересите и угледот на Македонија во Брисел. Јас сум спремен за тоа и во таа насока ќе се воздржам од секакви други јавни изјави во следиот период. Македонија во ЕУ нека биде нашата заедничка цел!“ додаде Александар Николоски како реакција на неоснованите обвинувања од пратениците на СДСМ и Министерот за надворешни работи, Димитров.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2017 12:34