Легендарниот македонски кошаркар Тодор Гечевски повторно е вклучен во работа на рапрезентацијата, овој пат ќе ја има улогата на директор на националниот тим.

– Уште кога Јоцо (Давитков) стана селектор бев во комуникација со претседателот и по разговорите одлучивме да дојдам да помогнам колку што можам со техниката. Со своите искуство ќе се обидам да помогнам македонската репрезентација да ги помине овие претквалификации кои не се важни само за оваа репрезентација туку за кошарката во Македонија воопшто. Наредните квалификации ни се многу важни бидејќи ќе ни дојдат многу попознати репрезентации кои ќе придонесат за популаризација на кошарката и да се подигне нивото и квалитетот на националната селекција за која верувам дека има капацитет за поголеми дострели, изјави Гечевски.

Според него Ѓорѓи Чековски повторно ќе го обелече македонскиот дрес, додека за Перо Антиќ го остави отворено прашањето.

– Јас мислам дека Чековски ќе настапува за репрезентацијата, а Перо е скоро дојден од своите обврски и напорна сезона. Ништо не се знае, но тоа зависи од многу фактори, нагласи Гечевски.

Македонската репрезентација вчера го почна подготовките за претстојните претквалификации за СП со Косово и Естонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2017 08:04