Доколку и покрај сето знаење за важноста од УВ-заштита сепак ви се случи да изгорите од сонцето, еве што треба да преземете за да си ги олесните тегобите и за да закрепнете побрзо.

1. Направете освежителна купка во кадата, па во водата додајте две до три шолји мелена овесна каша и сето тоа добро промешајте го. Почекајте десетина минути, па лежете во кадата и уживајте следните 20 минути до половина час. По купката, измијте ја кожата со студена вода. Овесната каша ќе ја смири кожата и ќе ги ублажи пецкањето и иритацијата. Исто така, оваа здрава намирница ја чисти површината на кожата и помага во нејзиното побрзо закрепнување.

2. Антиоксиданските од доматот се одлични за первенција против инфекции на површината на кожата, која е оштетена по излегувањето на сонце. Извадете го доматот од ладилник, исушете му ја кората, па иситнете го, исечкајте го или испасирајте го со виљушка, така што да стане кашест. Смесата, додека е студена, нанесете ја на изгорениците и оставете ја да отстои околу половина час, за потоа отстранете ја со влажна крпа.

3. Сите добро знаеме дека маската од краставици е ефикасна за сувата кожа на лицето. Бидејќи ја стимулира циркулацијата и природно ја обновува влагата во кожата, краставицата е одлично решение против изгорениците од сонце. Студената краставица исечете ја на крукчиња, а потоа распоредете ја врз изгорената кожа. Оставете ги парчињата да постојат 15-20 минути, а потоа заменете ги со нови, студени крукчиња и повторете ја постапката уште еднаш.

4. Мачкањето со јогурт е добро познат метод за санирање на изгорениците од сонцето, бидејќи ги ублажува симптомите, како што се: пецкање и чувство на затегната кожа. Можете да ги премачкате критичните зони со подебел слој студен јогурт, а доколку сакате да го зголемите ефектот, тогаш можете да го помешате јогуртот со овесна каша, или, да намачкате јогурт и врз него да наредите краставици. Во секој случај, смесата држете ја 15 минути, измијте ја со студена вода, па по еден час повторете ја постапката.

5. Оваа магична течност прави чуда за вашата кожа, особено ако е оштетена од сончевите зраци. Јаболковиот оцет ќе ги отстрани штетните бактерии од површината на кожата и ќе ѝ овозможи на кожата да ја врати pH-рамнотежата, нарушена со сушење. Измешајте половина литар студена вода и половина шолја јаболков оцет, па со мешавината натопете памучна пелена и со неа прекријте ги изгорените делови од телото. По 15 минути, повторно замотајте крпа и повторете го третманот.

6. Кога ќе ја ставите раката на зоната што е изгорена од сонце, имате впечаток како да ви гори кожата, а компирот е познат како добар природен лек за „лечење“ на температурата. Покрај тоа, овој зеленчук дејствува и како природен аналгетик, односно природно средство против болки. Излупете го компирот и изрендајте го, па ставете го на болните места. Прекријте со тенок чаршаф или со пелена, па останете така барем 20 минути.

7. Ако ви изгорел голем дел од телото, тогаш наполнете ја кадата со млака вода и во неа ставете половина шолја сода бикарбона. Лежете во водата и останете во неа околу 10 минути. Кај помалите изгореници, на раните ставете облоги од студена вода во која сте раствориле сода бикарбона и држете го околу 15 минути. Правете го ова повеќе пати во текот на денот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2017 08:49