СДС е власт и граѓаните од Зоран Заев очекуваат да се однесува одговорно, а не да глуми опозиција како до сега.
Владата на ВМРО ДПМНЕ и покрај сите опструкции кои што и беа нанесени ја изгради фудбалската Арена Филип Втори, една од најмодерните арени во овој дел од Европа со што Македонија влезе на мапата на УЕФА како сериозен конкурент за организација на сериозни настани од највисок ранг.
До последниот извештај на УЕФА, Владата на ВМРО-ДПМНЕ редовно добиваше позитивни извештаи. Се што беше побарано од стручните лица на УЕФА беше реализирано од наша страна. Единствените обврски кои остануваат да се реализираат пред да дојде последната најавена посета од страна на стручните лица на УЕФА се тековни работи околу климатизацијата и средување на просторот, таканаречен ТВ компаунд, каде што треба да бидат сместени репортажните кои за ТВ преносот на суперкупот.
Својата неспособност Заев не смее да ја покрива со лажни изјави од типот сериозни пропусти.
Почитувани, да потенцираме, сериозни пропусти нема!
Ова се редовни обврски кои што може брзо и ефикасно да се исполнат. Единствено е што треба да се обезбеди буџет за Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор со што се би било реализирано во наредните 10 дена.
ВМРО-ДПМНЕ бара Владата на СДС да не си поигрува со угледот на Република Македонија.
Одржувањето на Суперкупот не смее во ниту еден случај да биде загрозено. Време за губење нема. Одржувањето на Суперкупот е многу поважно од сите ПР манипулации со кои се занимава во момнетов Владата на СДС.