ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува обидите преку одредени колумни на мала врата да се протне какво било оправдување за педофилијата и да се промовираат какви било права за педофилите кои би значеле нивно амнестирање за криминалот кој го направиле.
Згрозува тоа што извесен Никола Шиндре, член на таканаречената шарената револуција, промовира политика која што треба да се омекнува политиката кон педофилите.
Јавноста е згрозена од основната цел и теза на натписот „Во одбрана на најмаргинализираните сексуални заедници – децата кои сакаат да имаат секс и децата кои сакаат да имаат секс со возрасни“.
Ваквиот став мора да се осуди. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден чекор кој ќе значи намалување на казните за педофилија.
Истата осуда ја очекуваме и од останатите фактори на политичката сцена. За жал викендов бевме сведоци на отварањето на Skopje pride weekend 2017, настан наменет за промовирање на правата на ЛГБТ лицата.
Настанот беше промовиран од Министерот за култура на СДС, Роберт Алаѓозовски, а во склоп на викендот се одржуваат разни дебати, на кои се остава простор и за лицето кое ги промовира скандалозните ставови во одбрана на педофилијата.
Недозволиво е министер за култура да отвара настани на кои учествуваат и лица кои ја оправдуваат педофилијата.
Недозволиво е текстовите кои ја оправдуваат педофилијата на социјалните мрежи да се поддржуваат од учесници на "шарената револуција" како Кочо Андоновски, Румена Бужаровска, Ирена Цветковиќ, но и новинарка Билјана Секуловска. ВМРО ДПМНЕ силно се спротиставува на обидите да се релативизира педофилијата.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ состави регистар на педофили со што и овозможи на јавноста да се информира за лицата кои претставуваат опасност за нашите деца.
Децата, семејството и семејните вредности мора да бидат заштитени од нападот на неморалот.
Очекуваме Алаѓозоски јавно да ги осуди ваквите ставови и во иднина како министер за култура на Република Македонија да учествува и да поддржува настани кои одат во прилог на поголема културна едукација и развој на граѓаните, а не настани на кои како говорници се јавуваат луѓе со искривени морални сфаќања.