Скандалозна е изјавата на СДС со која посочуваат дека законите нема да важат за оние што имаат членска книшка на СДС, а ќе важат за сите останати.

СДС порачува дека:

1. За да граѓаните добијат социјална помош која и така законски им следува, потребно е да имаат членска книшка од СДС.

2. СДС порача дека за да еден граѓанин извади имотен лист од катастар кој редовно му следува, потреба е членска книшка од СДС.

3. СДС порача дека за да граѓанин отиде на доктор и ја добие здравствената помош која му следува, потребна му е членска книшка од СДС.

4. СДС порача дека за да граѓанин отиде и извади пасош, лична карта или друг документ потребна му е членска книшка од СДС.

5. За да еден граѓанин се стекне со правото на пензија, кое е законски загарантирано, исто така му е потребна членска книшка од СДС.

6. СДС порачува за да се вработи било кој граѓанин во државава неопходна е членска книшка од СДС.

7. СДС порачува за мајките добијат породилен надоместок, тоа е можно само доколку се има членска книшка од СДС.

СДС преку пратениците порачува дека е спремна на целосна партизација во државата. СДС со ова ги дели граѓаните, на членови на нивната партија за кои не важат законите и на сите останати граѓани за кој не постојат истите права. Ова се вика дискриминација, која СДС како партија до сега ниту ја демантираше, ниту ја осуди.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2017 01:02