СДС и премиерот Заев освен политички имаат и личен мотив за тоа. Против Зоран Заев се водат судски предмети кој што доколку се докаже вина, согласно законот треба да подложи на тешка правна санкција. Јавноста добро го знае видеото од кое се гледа како актуелниот премиер Заев бара мито од 200 илјади евра и против тоа се води случај на суд, но и случаите Глобал, Цареви кули, Тендерите во општина Струмица. Затоа е потребно контролирано судство, за личен спас, но и креирање на монтирани случаи.

СДС креира страв кај судиите, а ќе работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет. СДС сака да инсталира партиски кадри за целосно и апсолутна контрола и да креира уште една алатка за пресметка со своите политички неистомисленици.

Изминативе години сите законски решенија и реформи кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи во судството и судскиот систем беа усогласени со ЕУ и произлегоа од процесот на прилагодување на Евопската регулатива. Сега очекуваме реакција од ЕУ на планот на СДС за партизирање на судството.

Ова што сега сака да го направи СДС е веќе видено. Во претходните нивни мандати имаме искуство во кои што Македонија доби 617 судии со едно гласање без присуство на опозицијата кога токму СДС управуваше со државата. Тоа партиско судство ја амнестираше најкриминалната транзиција во Jугоситочна Eвропа, за која никој не одговaраше. И денес е истата намера, и денес СДС сака да се врати времето кога судските пресуди се диктираа во партиските кабинети.

ВМРО-ДПМНЕ ова нема да го дозволи ова! Нема да дозволиме поништување на правниот поредок во државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2017 01:08