Италијанскиот фудбалер Марио Балотели го продолжи договорот со Ница за уште една сезона, соопшти францускиот клуб.
Балотели во Ница дојде пред една година како слободен играч од Ливерпул и тогаш потпиша договор до крајот на сезоната.
Трансферот во Ница се покажа како добар погодок бидејќи ја оживеа кариерата и постигна 17 голови на 28 натпревари.
Ница беше трета во француското првенство и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.
Балотели беше цел на шпанскиот Лас Палмас.