Диего Љоренте, стоперот на Реал Мадрид, направи трансфер во Реал Сосиедад, со кого потпиша петгодишен договор.
Љоренте има 23 години, а претходните две сезони ги помина на заем во Рајо Валјекано и во Малага.
Потекнува од академијата на Реал, првотимец стана во 2013 година, но само два пати доби шанса да игра во Ла Лига.
Настапите на заем го доведоа дури до деби за репрезентацијата на Шпанија во пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина во мај минатата година.
„Реал Сосиедад има добра репутација, како во Шпанија така и вo Европа. Среќен сум што таков клуб покажа интерес за мене.
Слушнав само добри работи за Сан Себастјан“, изјави Љоренте.