„СДС покажа дека брани и застапува двојни аршини. Изјавата на нивниот пратеник дека членската книшка на СДС е втора лична карта во државава е еклатантен пример за партизација, самоволие и непочитување на државата.
СДС е партија во која лидерот Заев се заканува дека ќе брка од чистачка до министер, а пратеникот им вели дека втора лична карта во државата е партиската членска книшка. СДС им порача на граѓаните дека ако сакаат да се вработат, да земат социјална помош, да им се пружи помош од доктор, да извадат имотен лист, или да се запишат на факултет, права кои инаку се загарантирани со уставот и законите, мора задолжително да имаат членска книшка од СДС.
Досега СДС ниту ја осуди, ниту негираше на оваа изјава. Реакцијата на Заев беше анемична, половична, амнестирачка и недоволна за големината на ваквото скандалозно признание. Ова е голем скандал со кој практично СДС на граѓаните им вика дека партијата всушност е државата. Ова преставува уцена на 2 милиони граѓани.
Затоа јавноста бара и очекува реакција од СДС кон нивниот пратеник кој им посочи на граѓаните дека за да може да опстојат во оваа држава мора да имаат членска книшка од СДС.
Како прв чекор СДС мора да покаже одговорност и веднаш да го исклучи Дудуш од пратеничката група, но и од СДС, во спротивно ќе сметаме дека целосно се согласуваат и подржуваат со ваквиот негов став. Тие дополнително јавно и недвосмислено и безусловно треба да ги осудат овие негови изјави“, изјави Дарко Костовски.