Италијанскиот стручњак Клаудио Раниери е именуван за тренер на „Канаринците“.
Клаудио Раниери потпиша двегодишен договор со Нант.
„Ќе бидам во клубот којшто освои осум шампионски титули на Франција. Многу сум почестен што станав тренер на Нант“, изјави Раниери на претставувањето.
Тоа ќе му биде втора работа во Франција во тренерската кариера, на почетокот на деценијата го водеше Монако.
Најголем подвиг на Раниери во неговата кариера е освојувањето на Премиер лигата со Лестер во сезоната 2015/16, а трофеи освојуваше водејќи ги: Валенсија, Фиорентина, Калјари и Монако. Ги водеше и: Наполи, Атлетико Мадрид, Челзи, Парма, Јувентус, Рома, Интер и репрезентацијата на Грција.