Европските држави од НАТО и Канада се очекува оваа година да ги зголемат одбранбените расходи за 4,3 отсто или шест милијарди долари, соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека до декември се очекува да бидат готови националчните планови на државите од Алијансата за исполнување на целта на расходите за одбрана да достигнат два отсто од БДП до 2024 година.

Плановите ќе бидат оценети од министерите за одбрана од Алијансата во февруари идната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2017 17:46