Партијата Беса попладнево побара од Специјалното јавно обвинителство да ги отвори случаите „Сопот“ и „Монструм“ до петок бидејќи потоа мандатот што тимот на Катица Јанева го има за поднесување обвиненија ќе истече.

„Без разлика на одлуките на Советот на јавни обвинители за „Сопот“, ние цениме дека СЈО има доволно материјали за само да го иницира случајот, да не дозволува на двојството ВМРО-ДУИ да продолжат да играат со животите на луѓето инволвирани во овие случаи“, велат од Беса.

Од партијата додаваат дека ако СЈО в петок не ги процесира случаите, тоа ќе се оцени како „манипулација и предавство на тие што страдаат со доживотен затвор само поради политизираната правда во Македонија“.

„Беса нема да дозволи животот на Албанците да зависи од политичките пазарења и нема да се откажеме сè додека не се расветлат целосно овие случаи. Ако не се решат овие два случаи, државата ќе ја носи одговорноста заедно со СЈО“, велат од партијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2017 19:59