Околу еден месец до потпишувањето на договорот со Бугарија, со чија содржина Заев одбива да ги запознае македонските граѓани, одвивајќи го целиот процес нетранспарентно, без да ги консултира експертите и граѓаните преку дебати и јавни расправи, како што ветуваше дека ќе прави за секое позначајно прашање.

Заев многу одамна рече дека е спремен да ја свитка кичмата на Mакедонецот, за сега тоа го гледаме на дело. Заев од Софија ја обвини Македонија дека ширела национализам и омраза, но не најде ниту еден збор да го осуди национализмот на Божидар Димитров насочен против нашата држава, кој кажа дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и дека исполнувањето на договорот кој Заев го усогласил ќе значи крај на македонизмот.

Што содржи договорот со Бугарија, што според Димитров би значело крај за македонизмот. Што знае Димитров, а македонските граѓани не знаат? Што крие Заев од граѓаните, што толку ги возбудува бугарските националисти, кои се воодушевени од изјавите на Заев дека бугарскиот и македонскиот народ се исти.

Заев од Бугарија плукна и по сопствената историја, велејќи дека ќе има бришење на одредени термини од учебниците по историја, без притоа да каже кој ќе одлучува што ќе биде бришено.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека Владата на Република Македонија не смее да склучува договори на штета на македонската држава и народ. ВМРО-ДПМНЕ е за добрососедство со сите соседи и ќе поддржи се што е во знак на унапредување на взаемната соработка, но ништо што е на штета на државата, нејзиниот идентитет, јазик, култура и историја.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2017 11:05