Бидејќи вицепремиерот Кочо Анѓушев беше соопштено дека тежи речиси 28 милиони евра и е дел од владата на СДСМ која тврдеше дека постои наводен режим и диктатура, јавно ја прашуваме СДСМ и Заев:

Како под услови на наводен режим вицепремиерот на владата на СДСМ се стекна со капитал од 28 милиони евра лично богатство?

Како под наводна диктатура се заработуваат 5 стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград, куќа на Халкидики?

Очигледно допрва ќе излегуваат на мегдан лагите на милионерите на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2017 15:05