Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија.
Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 5 часот наутро.
Целта на ваквата мерка е подигање на нивото на безбедноста во пловидбата и на капачите.
За непочитување на ограничувањето стапува на сила забрана за пловидба и се изрекува глоба.