Стeф Кари стана најскапо платениот кошаркар во историјата на НБА натпреварувањата.
Ѕвездата на Голден Стејт ќе ја продолжи соработката со актуелниот НБА шампион и ќе стави потпис на најбогатиот договор во историјата на лигата.
Медиумите од САД пренесуваат дека Кари ќе ја мине границата од 200 милиони долари, односно неговиот нов договор со „Воините“ ќе вреди 201 милион долари.
Според актуелниот договор Кари има плата од 12.1 милиони долари што е многу помалку од останатите играчи од негов калибар.
Официјална потврда за историскиот договор се очекува во текот на наредната недела.