Скандалозна само по себа е најавата на Таравари да се прекине еден капитален проект во здравството како што е градењето на клинички центар, за кој веќе е подготвен проект, обезбедени се средсва од Европската централна Банка и за кој се е подготвено само да се почне да се гради. Оваа негова намера ќе направи штета на здравствениот систем.

Министерот Таравари има одговорност и пред граѓаните и пред пациентите да даде одговори.

Недозволиво и неодговорно е да оспорува еден готов проект кој чини 70 милиони евра, за да најави нов проект кој ќе чини повеќе од 450 милиони евра и за чија реализација ќе треба да се чека најмалку десет години. Таравари ќе биде одговорен за тоа што најмалку десет години нема да има подобри услови за лекување на пациентите и десет години медицинскиот кадар ќе работи во полоши услови.

Таравари мора да каже кој ќе му бидат аргументите пред Европската централна банка дека проектот кој го подготвувале, одобриле и ќе го финансираат не е според неговиот архитектонски стандард.

Таравари и неговиот наредбодател Заев мора да му кажат на народот дека ако го стопираат постоечкиот проект кој чини 70 милиони евра и почнат проект од 450 милиони евра, ќе треба да се задолжат со нови 380 милиони евра, односно да плати 6 и пол пати повеќе, за ефект кој се постигнува во многу пократок рок.

Чесно е Таравари да им ги каже овие работи на граѓаните, на пациентите и на медицинскиот кадар.

Затоа Таравари наместо да опструира треба да засука ракави и да почне да работи, а не да глуми експерт од архитектурата. Потребите на граѓаните се на прво место. Стопирањето на проекти, деструкцијата и инаетењето нема да донесе добро никому.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2017 15:43