ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше, малтретираше и партиски ги делеше земјоделците, а државните мерки за помош ги злоупотребуваше за притисок и корупција.

Доколку ВМРО ДПМНЕ навистина се грижеше за земјоделците, тогаш наместо да изнесува празни обвинувања, ќе објаснеше зошто преку своите кадри ја кочеше исплатата на субвенциите за тутунот.

Новата Влада предводена од СДСМ интензивно ги поправа штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ. За неполн месец успеа да ги реши сите пречки за исплата на субвенциите за тутунот. Исплатени се две милијарди евра за субвенции во земјоделството, а наскоро комплетно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година за сите земјоделски гранки.

За решавање на проблемите со откупот на праските, воведена е дополнителна субвенција од шест денари за килограм предадени праски во преработувачка индустрија. Во меѓувреме, се анализираат проблемите со откупот на бостанот, се прават анализи и набрзо ќе има мерка за помош и на овие земјоделци, а паралелно се сублимираат и податоците за пријавените штети.

Владата предводена од СДСМ и понатаму ќе работи во интерес на сите земјоделци. Никогаш повеќе нема да има протекционизам и богатење на лажни земјоделци и притисоци и уцени кон вистинските земјоделци, како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2017 19:31