Сосема очекувано, газда Кочо Анѓушев ќе ги преполови инвестициските промотори. Тој како бизнисмен има директна штета од нив и најави напуштање на тој концепт на привлекување на странски инвестиции.
Најубаво им беше на илјадници велешани кои беа без работа и можеше да ги отпушта и вработува кога сака, по многу помала плата.
Со доаѓањето на „Маркард“ во Велес и со најавата дека ќе изградат и втора фабрика таму, со доаѓањето на Лутекс, инвестиција на СТС Текстајлс, но и одлив на работници во Дрекселмајер во Кавадарци и многу од нив во Скопје во Џонсон Мети, Ван Хол, Кемет, Делфај, Технокозе, АРЦ Аутомотив, Дијатек, Монтанте и многу други.
Богатиот индустријалец газда Кочо беше принуден да почне да ги зголемува платите на вработените. Кочо стана нервозен заради тоа. На Кочо Анѓушев почна да му пречи Владата на ВМРО ДПМНЕ која со 33 промотори, 5 амбасадори за инвестиции и амбасадори насочени кон економска дипломатија почнаа да носат странски компании и да отвораат нови работни места, па вработените во неговата Брако почнаа да добиваат понуди за повисока плата.
И што сега? Ајде ќе ги попречуваме странските инвестиции за фабриките на Заев и Кочо да не мора да качуваат плати, а за да соберат политички поени минималната плата ќе расте ама Владата од буџетот од парите на сите граѓани ќе им плаќа милиони на газда Кочо, Заев и другите газди како нив, за ем да не губат пари со зголемената минимална плата, ем да немаат странски инвестициии и нови понуди за работа за повисока плата.
Па затоа за почеток ќе се преполоват промоторите, а потоа и преостанатите ќе се демотивираат. Ако промоторот нема директни контакти со челните луѓе на Владата и влијае кај нив да ги примат и да им дадат добри услови на инвеститорите и да им влеат доверба, тогаш залудна е нивната работа и залудно е што тие промотори ќе останат. Многу инвеститори нема да дојдат ако не се почувствуваат дека се добредојдени од Владата.
И затоа и Веле Самак кој дојде од САД од Мајкрософт и Сити Банк, заменет е со Рамиз Мерко, Џери Наумоф кој дојде од Чикаго и неговата „Наумоф груп“ заменет е со Шапуриќ, Бил Павлески кој дојде од Хјули Пакард од Бостон со Самка Ибраимовски, Горан Мицковски кој дојде од Кредит Свис од Лондон со Зорица Апостолоска итн.
Она што е сигурно СДС и газдите од СДС работат на уништување на концептот на странски директни инвестиции кои отворија над 20 илјади работни места и обезбедија работа над 500 домашни компании. Тоа ќе значи крај за многу нови заинтересирани инвеститори, но и одлив и затворање на постојните странски компании и останување без работа на многу граѓани.