Владата на СДС се обиде да го испроблематизира одржувањето на Супер купот со наводни недостатоци околу градбата на стадионот, сакајќи да создаде атмосфера на паника во која тие би биле спасителите кои ќе го решат таквиот проблем.
Лажните информации кои СДС сакаше да ги протне во јавноста беа дека претходната Влада не инвестирала доволно во стадионот и дека сега сме соочени со наводно пропаѓање на Супер купот. Иако ПУИК веднаш кажа дека над 6 милиони евра се инвестирани во стадионот и дека се е завршено освен некој ситни активности чија изведба е во тек.
СДС на јавноста и продаваше приказна како се да е пропадната и дека сега се потребни надчовечки напори и милиони евра за да се спаси Супер купот, за на крај да се испостави дека проблемот кој се обидуваа да го прикажат како огоромен бил само во тоа дека треба да се направат некој клими уреди во износ од 115 илјади евра, кои пак ПУИК требало да ги обезбеди зошто пак ги имал во својот буџет, по оваа циркузијада која и ја приредија на јавноста следеа медиумските фанфари на СДС кои тоа сакаа да го прикажат како тоа Влада на Заев во 5 до 12 го спасила Супер купот.
Соломонското решение на СДС и не е решение, бидејќи не постоеше никаков реален проблем, туку вештачки создаден од СДС за правење на популизам. СДС донесе одлука на Влада, па ја преиначи во заклучок за да се задолжи ПУИК да обезбеди средства од самата компанија, што само по себе значи дека доколку проблемот бил во самата компанија и немало да биде проблем, туку политички креиран случај за ефтин популизам.
Ваквите циркузијади се типични за СДС, тие и додека беа во опозиција ја потценуваа интелегенцијата на граѓаните па им се обидуваа да ги убедат во приказни на кои и самите не им веруваа. Тоа го прават поради нивната неспособност во справување со проблеми и реализирање на конкретни мерки и проекти, па секогаш се обидуваат тоа да го покријат со политикантство и млатење празна слама.