Според пресметките, за една седмица одмор во Хрватска се потребни од 800 до 1000 евра.
Хрватска моментално е ценовно една од најскапите европски дестинации и тоа во споредба со локации кое не настрадале во терористички напади.
Пресметката е направен откако се прегледани актуелните понуди огласени во Словачка и Чешка. Цените варираат зависно од агенцијата и пазарот, но во сите варијанти летување во Хрватска е најскапо, воглавно во конкуренција со Шпанија и Португалија
Според пресметките, за една седмица одмор во Хрватска се потребни од 800 до 900 евра. Поевтино е да се одмара во Хрватска во септември, а како алтернатива Чесите одат во Грција или Малта каде одморот ги чини од 620 до 700 евра.
За Словаците Хрватска е скапа и пресметано е дека со 450 евра можат да летуваат во Турција. Хрватска се смета за безбедна дестинација, а на европскиот туристички пазар е поевтина од Франција и Италија.