„Трип Адвајсер“ објави листа на атракции и тури кои најмногу се резервирани за оваа година, на која на прво место е посета на Ватикан.

Листата е направена врз основ ана резервации кои се извршени од јануари 2016 година, па е пресметано кои се најпопуларни атракции.

Патниците искажале најголем интерес за Музејот во Ватикан, Базиликата „Св. Петар“ и „Сикстинската капела“. Во текот на тричасовна посета тие имаат можност да го истражат Ватикан во помали групи.

На второ место е античкиот Рим и Колосеумот, а потоа посета на цел Рим со автобус.

Крстарењето по реката во Чикаго е на четврто место, додека на петто место повторно е посета на Ватикан, „Сикстинската капела“ и Базиликата „Св. Петар, на тура која трае половина ден.

На листата се и Светската опсерваторија во Њујорк, Големиот кањон и посета на Лас Вегас, Емпаер Стејт Билдинг во центарот на Менхетен, посета на Базиликата „Саграда Фамилија“ во Барселона и на крај посета на кулата Бурџ Калифа во Дубаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2017 10:35