Институциите со денови молчат за релативизирањето на педофилијата од страна на учесникот во Шарената Револуција Никола Шиндре и квази експертите блиски до СДС.
Токму затоа е потребно да се превземаат итни и превентивни мерки. Поминаа денови од нашиот повик за носење на Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденција за осудено лице на кое му е изречена мерка медицинско фармаколошко лекување, во јавноста познат како Правилник за хемиска кастрација.
Владата на Зоран Заев и министерството за правда имаат обврска да го донесат Правилникот за хемиска кастрација што побрзо пред работите да излезат од контрола со ваквата осмислена релативизација на ова кривично дело.
Повторно повикуваме министерството за правда во итна постапка да го донесе овој правилник. Тоа не го бараме само ние туку и целокупното општество.
За овој правилник постои широка општествена поддршка, од граѓани, организации и експерти. Оттука нема никаква пречка за негово носење. Со овој Правилник се предвидува сторителите на кривичното дело педофилија по втор пат да бидат санкционирани со хемиска кастрација.
Оваа мерка е превентивна за да се спречи во неколку наврати некој да го повтори делото.
Сметаме дека доколку институциите, Владата на Зоран Заев и министерството за правда не одговори на овој, не само партиски, туку општествен повик, тие ќе бидат виновни за последиците кои произлегуваат од нивното неодговорно и несовесно однесување.
Министерството за Правда не смее да го одложува донесувањето на овој Правилник. Во спротивно тоа ќе биде показател на нивната незаинтересираност и индолентност кон оваа сериозна тема.