Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес (03 јули 2017-та година) заедно со членовите на Извршниот комитет Антонијо Милошоски и Никола Тодоров оствари средба со посредникот на Обединетите Нации во спорот за разликите за името Метју Нимиц.
Целта на посетата на Нимиц е почуствување и запознавање со општата атмосфера во државата во однос на спорот со Република Грција што ќе му помогне во иднина за евентуално пристапување со нови идеи и размисли кој би помогнале во процесот.