Сега веќе е јасно зошто министрите на СДС го криеја богатството.
Скандалозно е како министрите од СДС во време на наводен режим се збогатиле со милионски капитал и за многу кус период станаа газди на огромни богатства, станаа милионери, стекнувајќи се луксузни станови, куќи, хациенди на море и луксузни возила под услови на наводен режим и диктатура.
Јасно е и очигледно зошто газдата министер Роберт Поповски го криеше својот анкетен лист кој тежи стотици илјади евра, поседувајќи неколку станови, куќа, уметнички дела вредни десетици илјади евра.
Граѓаните очекуваат одговори од газдите на СДС:
Како газдата министер Роберт Поповски се стекна со 3 стана, луксузна куќа со над 400 квадрати двор и уметнички слики од над 1 милион и 200 илјади денари? Дали ова е наводниот режим кој тој го говореше цело време? Огромниот имот кој го поседува ли е причината што го криеше анкетниот лист од јавноста?
Како Никола Димитров во време на наводен режим станал газда на имот од околу половина милион евра? Како газдата Димитров кој беше дел од амстердамската тројка се стекнал со стан во Хаг кој чини над 300.000 евра? Што ли работа завршил Димитров во април оваа година за тој да се стекне со 5 просечни плати за само еден месец?
Јавноста виде дека газдата Анѓушев поседува капитал од над 28 милиони евра. Навистина импресивно, ако се земе во предвид дека сето ова го стекнал во време на наводен режим.
Граѓаните очекуваат одговор како газдата Кочо Анѓушев заработил 5 стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград и луксузна куќа на Халкидики? Покрај недвижнините се стекнал и со луксузни автомобили како Масерати, Порше, уметнички слики, златен накит, луксузни брендови на часовници како Ролекс?
Како премиерот Заев под услови на наводен режим според лично признание заработил 6 до 7 милиони евра богатство?
Како кланот Заеви од просечно земјоделско семејство од Муртино со своите фирми за 10 години направиле обрт од 200 милиони евра?
Како Шекеринска се стекнала со 4 стана во време на наводен режим кои чинат неколку стотици илјади евра?
Очигледно е зошто го криеја својот имот газдите од СДС. Лажната скромност и лажната транспарентност излезе на виделина. Граѓаните ја очекуваат транспарентноста од функционерите на СДС која тие ја ветуваа и очекуваат одговор на прашањата како се стекнале со толкав имот во време на наводен режим.