Поминаа две недели откако јавноста ја виде снимката во која јасно се говори дека на црно се истурени 80.000 евра за да се финасира кампањата на пратеникот на СДС од Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Јавноста јасно гледа дека Зоран Заев бараше смена на Републичкиот Јавен обвинител, за да можат криминалците од неговата партија да поминуваат неказнето за своите криминали.

Зоран Заев бараше смена на Републичкиот Јавен обвинител за да спречи истрага за нелегалното финансирање на кампањата на СДС, за граѓаните да не дознаат со колку црни пари на терен се покривала кампањата на СДС, како што е случајот со Шуто Оризари.

СДС на криминален начин ја спроведе својата кампања и на криминален начин продолжува да владее и делува.

Пратеникот од СДС, Курто Дудуш, јавно им ветува на граѓаните дека доколку поседуваат членска книшка од СДС, ќе имат привилегии на лекар, ќе имаат привилегии во социјално, но и дека ако поседуваат членска книшка од СДС ќе можат да прават сообраќајни прекршоци, без за тоа да бидат казнети од полицијата. Со тоа СДС ја партизира државата до најмалата пора и креира систем каде што партиската книшка ќе одлучува за судбината на граѓаните.

Криминалот и партизираната држава не смеат да бидат одлика на Република Македонија. Нашата држава е демократска и не смее никој да ја враќа во 90-тите и да го промовира криминалното и силеџиско владеење од времето на транзицијата.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и меѓународните претставници во нашата држава да ги осудат изјавите на пратениците на СДС и со будно око да ја следат ситуацијата во Македонија под палката на СДС. Република Македонија не смее да стане пандан на комунистичка Северна Кореја, државата мора да се темели на демократските принципи и начела и за тоа не смее да има компромис.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2017 11:58