Интегрален текст од обраќањето на Илија Димовски
Прво на почетокот сакам да ве информирам дека утринава пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „За подобра Македонија“, поднесовме три закони во процедура во Собранието на Република Македонија од кои два се по скратена постапка и веќе побаравме да бидат ставени на дневен ред на денешната седница.
Едниот закон кој што го предложивме е врз база на изборни ветувања кои што ние сме ги дале на изборите. Вториот закон е врз база на изборни ветувања кои што СДСМ ги дале пред изборите, а ние не сме ги дале. Третиот закон е накаква комбинација од изборни ветувања на СДСМ и од приниципилни позиции кои што се обидуваме да ги изградиме.
Првиот закон кои што го поднесуваме денеска е закон за плати на вработени во државна и јавна администрација, значи здравство, образование, полиција, војска, јавни претпријатија и подразбира несење на одлука на Собранието за покачување на платата на сите вработени во овие сегменти за 5% започнувајќи со исплата од месец Јануари 2018 година. Тоа беше изборно ветување на Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ. Го предлагаме денеска зошто цениме дека треба да добие поддршка од сите пратеници во Собранието и мислам дека беше ветување на некои од помалите пратенички групи во Собранието, но е добро да се донесе овој перидо пред во собранска процедура да дојде буџетот за 2018 година, односно Собранието да се произнесе за овој закон пред владата да го достави Буџетот за 2018 година. Според нашите информации кондицијата од буџетот е во добра кондиција има за жал стопирање на значајни капитални проекти , слушаме информации дека владата планира зголемување на одрени даноци, така да цениме дека државата има капацитет да го направи ова зголемување на сите вработени.
Вториот закон кој што го предлагаме денеска е врз база на ветување на СДСМ. Тука сакам да бидам прецизен дека ние земавме обврска дека сите оние работи кои што СДСМ ги ветил, а се обидува да ги стави под тепих да ги заборави и да не ги исполни, ние во најмала рака ќе ги поднесеме во процедура како закони за да ги потстиме дека имаат обврска да ги исполнат тоа.
Пред две години тогашната ПГ на СДСМ во Собранието на Република Македонија поднесе закон, Закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги но се однеува на укинување на радиодифузната такса. Сакам да потенцирам дека денеска ние го пуштаме во процедура овој закон идентчен онаков каков што СДСМ го пушти во процедура пред не цели две години додека беше во опозиција во ова Собрание. Целта ни е да ги потсетиме на нивните изобрни ветувања. Нашиот став по однос на оваа тема е прицнипиелен многупати сме го кажале ќе го кажеме и во расправата, но нема да пропуштиме шасната да ги потсетиме СДСМ и да ги држиме до ветувањата кои што ги дале. Овој закон ако се изгласа и ако се прифати по скратена постапка ќе значи укинување на радиодифузната такса.
СДСМ ветуваше дека тоа ќе го направи веднаш откако ќе се формира парламентарното мнозинство, помина третиот месец откако формираа мнозинство ги нема со никаква активност ниту за ова ветување ниту за други ветувања ние одлучувме дека ова е еден од законите кои што ќе ги донесе нив во ситација да се изјаснат што мислат за своите ветувања.
Третиот закон кој што го предлагаме денеска и кој што е по скратена постапка и е многу значање и е базиран на едно од изборните ветувања дадени од страна на сегашниот премиер Зоран Заев и на колешката Фросина Ременска, е Законот за изменување на Законот за јавно обвинителство на Република Македонија . Со овој закон кои што ќе продолжиме да оди по скратена постапка предлагаме две крупни измени во процедураата за избор на Јавен обвинител.
Првата измена е она што СДСМ го ветуваше во избори, а тоа е дека Јавниот обвинител на Република Македонија ќе се бира по предлог на опозицијата. Втората измена која што предлагаме да се внесе е Јавниот обвинител на Република Македонија да се бира со двотретиснко мнозинство, досега беше доволно и обично мнозинство. Значи предлагаме процедурата да биде изменета, предлогот да не го дава Владата на Република Македонија, туку да го дава најголемата партија во опозиција во Собранието, но за да биде избран некој за Јавен обвинител мора да добие двотретинско мнозинство.
Тоа ќе значи инклузивност, збор кој што често го употребува новата Влада, тоа ќе значи подавање рака, збор кој што често го употребува новата Влада, тоа ќе значи заеднички фактор на реформите, зборови кои што често го употребува новата Влада, тоа ќе значи некаков консензус за клучни прашања исто така зборови кои што ги употребува новата Влада. Се надеваме дека ќе си останат на она што го зборувале во изборната кампања.
Во текот на вчерашниот ден пратеници, членови и заменици членови на Комисијата за надворешна полтиика во Собранието на Република Македонија побараа Владата на Република Македонија, односно Министерството за ндоврешни работи да достави нацрт со договор со Бугарија пред тој да биде потпишан. Потенцирам дека инсистираме на тоа , заради тоа што тоа би бил единствениот начин како градиме консензус и инклузивност за стратешки и клучни прашања. Спремни сме разгледувањето на тој договор да биде и на затворена седница на комисијата доколку такво барање дојде од Владата или од Министерството за надворешни работи. Но, инсистираме пред да се склучи договорот за пријателство со Република Бугарија да има можност сите политички групации во ова Собрание да го видат, да дадат свои сугестии, да дадат свои препораки, да дадат свое искуство, свое знаење, заради тоа што отј договор со Република Бугарија треба да биде стратешки договор, да биде договор кој што ќе гради добрососедство и договор кој што ќе гради доверба помеѓу граѓаните пред се на двете држави. Во таа насока криење на документот воопшто нема да биде во полза на ниту една од двете страни. Доколку Владата процени дека договорот сеуште не треба да го погледне целата јавност ние можеме да разбереме но врз основа на законските позитивни регулативи пратениците имаат можност да го погледнат и тој сеуште да остане во некаква рамка односно во процедура да не се влијае на можноста да се склучи конечно.
Трета тема за која што сакам да се обратам односно да упатам апел во име на сите пратеници посебно од пратениците од петтата изборна единица, од Охридско - струшкиот регион, од Ресен, од Битола, е апел до институциите на Република Македонија, и ова го зборувам многу човечки без разлика кој е на власт кој е на опозиција, треба да се дистанцираме за оваа тема апсолутно, да бидат поприсутни на терен во овие региони заради тоа што само ноќеста имаше 5 крупни земјотреси, а во последните 68 часови, 42 крупни земјотреси. Знам дека никоја институција не може да се справи за да нема земјотреси, ниту е паметно тоа да го бараме, но мислиме дека државните институцииод различен карактер и аспект, дали тоа ќе биде Владата или некои од министерствата, дали ќе бидат и други институции вклучени, треба да бидат поприсутни на терен заради тоа што според информациите кои што ги имаме владее сериозна психоза кај граѓаните на овие неколку градови. Ќе повторам само во последните 68 часови има 42 земјотреси. Имаме чуство дека државата некако неадекватно се однесува кон овој проблем компарирано со проблемот кој што минатата година го имавме во Скопје. Тука би рекол можеби и ние како Собрание и медиумите и сите треба да обрнеме поголемо внимание за да во најмала рака им се укаже на граѓаните на Охрид и на Ресен пред се како треба да постапуваат, како да се заштитат, како да изреагираат воситуација и затоа упатувам апел до сите државни институции дистанцирајќи се од сите политички или партиски на оваа тема да реагираат што е можно побрзо.
Четвртата тема за која што сакам да дадам брифинг е вчерашната информација од медиумите преку која што дознавме дека Владата усвоила некаков план наречен 3-6-9. Од медиумите разбравме дека тој план се однесува на список на реформи кои што Република Македонија треба да ги направи во различни области. Би сакал во име на пратениците од Коалицијата „За подобра Македонија“, да искажам разочараност и загриженост поради тоа што повторно нема никаков разговор. Ниту формален, ниту неформален со ниту еден од пратениците во опозиција. Нема инклузивност, нема подадена рака, нема ниту формален, ниту неформален разговор, нема дебата и нема јавност. Практично Владата на некаква си своја седница од затворен карактер го донела тој план без притоа да вклучи опозиција, јавност, експерти, медиуми и се што потребно за да се изгради некоја патека за заеднички, динамични и успешни реформи на патот кон Европа и НАТО. Заради тоа што пречесто во последните два месеци слушаме изјави од неколку министри на премиерот на Република Македонија дека ќе сакаат инклузивност и ќе сакаат поддршка од опозицијата и ќе сакаат помош од опозицијата, сакам многу јасно да упатам порака. Доколу Владата на Република Македонија продолжи со овој начин на игнорирање на опозицијатапри креирање на стратешките правци и стратешките документикако што беше случајот со Бугарија, како што е случајот со овој документ 3-6-9, тие самите си ја затвораат за пристап до пратениците од опозицијата. Не е добро пред еден месец да ветувате инклузивност, да ветувате подадена рака, да барате помош, а денеска да нема ниту разговор, ниту формален, ниту неформален брифинг, ноиту било каква информација која што битребало по некои правила на парламентарната демократија да стиграт до нас. Заради тоа што Република Македонија не прв пат носи такви стратешки документи, но секогаш до сега Собранието и опозицијата биле многу повеќе вклучени во утврдување на приоритети за реформите. Се надеваме дека е почетничка грешка или збунетост, неснаодливост и се надеваме дека некој од Владата ќе најде начин да се извини за тој однос и да го измени тој однос заради тоа што ако очекуваат поддршка од пратениците од опозицијата тогаш ќе мора да покажат реална вклученост во креирањето на политиките. Доколку мислат дека ние треба да ги покриваме нивните грешки тогаш нема простор да се надеваат на тоа.
И последната тема на која што сакам да дадам информација можеби непотполна но во овој момент можам толку да кажам е дека многу наскоро пратениците од Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат и реална форма на организирање во Собранието на Република Македонија. Кога ќе биде тоа и како ќе биде многу наскоро ќе ве информираме.