На правосудниот систем на Република Македонија потребни му се експертски и професионални личности кои ќе работат стручно, професионално и независно, ослободени од какви било партиски пртисоци.

За да биде кредибилна и во можност да предлага експертски решенија, опозицијата прво треба да расчисти во сопствените редови и да се ослободи од криминалните стеги. Опозицијата ќе го предлага новиот Јавен обвинител откако ќе се расчистат сите криминали на претходната власт. Македонија ќе биде да биде правна држава, а тоа ќе се случи кога одговорност ќе понесат сите оние кои 11 години криминално се богатеа, додека стотици илјади граѓани преживуваа и ја напуштаа Македонија.

Именувањето на Јавен обвинител на предлог на опозицијата е дел од Програмата на Владата предводена од СДСМ и тој предлог како еден од клучните во рефомите во судството, ќе биде ставен на маса за да се добие што посилна политичка поддршка. За сите реформи кои се во интерес на граѓаните и државата и кои имаат потреба од двотретинско мнозинство, СДСМ ќе побара консензус од сите политички чинители.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2017 13:58