Од ден во ден се повеќе се зголемуваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија.
Јавно и без срам во еден од своите настапи еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција.
МАНУ упорно молчи на вакви суштински прашања, и отвора простор за нови напади и нови омаловажувања од страна.
На ваквите напади каде е во прашање и угледот на државата, Министерството за надворешни работи не реагира, се брани со молк.
Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ.
Последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот Историски Институт во Бугарија беше претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.
Претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува МНР да ги осуди изјавите кои го негираат македонскиот идентитет и удираат врз достоинството на македонскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да има добри односи со сите свои соседи, но без притоа да се задира во националната, јазичната и културната посебност на нашиот народ.
Од ден во ден се повеќе се зголемуваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија. Јавно и без срам во еден од своите настапи еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција. МАНУ упорно молчи на вакви суштински прашања, и отвора простор за нови напади и нови омаловажувања од страна. На ваквите напади каде е во прашање и угледот на државата, Министерството за надворешни работи не реагира, се брани со молк. Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ. Последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот Историски Институт во Бугарија беше претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја. Претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции. ВМРО-ДПМНЕ го повикува МНР да ги осуди изјавите кои го негираат македонскиот идентитет и удираат врз достоинството на македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да има добри односи со сите свои соседи, но без притоа да се задира во националната, јазичната и културната посебност на нашиот народ.