Граѓаните секој ден во изминатите 37 дена откако СДС е на власт се задолжени дневно по 1 милион и 600.000 евра. Потенцирам, секој ден изминативе 37 дена владата на СДС ги задолжуваше граѓаните по 1 милион и 600.000 евра. Резултат во реализирани проекти – нула. Освен задолжување, видовме само деструкција, укинување и блокади.
Сметајќи со калкулациите на СДС од пред изборите, владата на Заев ако продолжи со ова темпо на задолжување, а ќе продолжи, за една година ќе ги задолжи граѓаните околу 720.000.000 евра, а за 4 години мандат граѓаните ќе бидат задолжени околу 2.880.000.000 евра.
Ова е сосема спротивно од она што го говореа СДС пред да ја преземат власта. СДС изминатите години им се закануваше на банките дека нема да им бидат признаени државните хартии од вредност што ги купуваат од министерството за финансии, денеска Тевдовски и СДС на истите тие банки им ги нудат државните хартии од вредност.
Од овие 60 милиони евра граѓаните досега не видоа ништо. Минималната плата не е покачена на 16.000 денари како што ветуваше Заев, ниту пак просечната плата се покачи на 30.000 денари. Докторите се уште ги очекуваат ветените 100.000 денари плата, а нема отпочнато ниту 1 километар од новите 500 километри автопат кои СДС ги ветуваа како капитална инвестиција.
Милионски задолжувања и ниту еден реализиран проект. Недомаќинското работење на СДС почна уште првиот ден на мандатот и уверени сме дека ќе трае до последниот.