Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе учествува на Глобалниот форум во Варшава што го организираат Атлантскиот совет и Полскиот институт за меѓународни односи.

Како што соопшти МНР, Димитров, ќе настапи на панелот за трансатлантизмот во ерата на глобална нестабилност.

На маргините на форумот е предвидено министерот да оствари средби со повеќе колеги и со претставници на Атлантскиот совет, меѓународни владини и невладини организации.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 20:52