ВМРО-ДППМНЕ преку погубни политики, избрзани и непотребни проекти, со години системски го уништуваше образованието. Доказ за тоа се бројните рангирања на престижни меѓународни институции и организации кои образованието во Македонија редовно го рангираа како едно од најлошите во Европа, како и ПИСА тестирањето на кое поради лошиот образовен систем, учениците од Македонија имаат едни од најлошите резултати во светски рамки.

Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во образованието го девалвираше образовниот систем и беше на директна на штета на наставниците учениците и нивните родители.

Новата Влада предводена од СДСМ ја запира Кембрич програмата во средните училишта со цел да се спречат далекусежни и огромни штети во образовниот процес, како резултат на уште една избрзана и непроверена програма, наметната од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Заврши времето кога ВРМО-ДПМНЕ можеше тајно и насилно, за нечии бизнис интереси, да го уништува образованието со неквалитетни решенија кои одеа на штета на целокупниот образовен систем. Владата предводена од СДСМ заедно со граѓаните, создава здрава основа за темелни реформи кои ќе овозможат квалитет во образованието и кои ќе бидат во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 22:39