ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на изјавата на Љупчо Николовски
Николовски наместо да се однесува како опозиција и да смислува разно разни изговори треба да се зафати со работа и да отпочне со реализирање на ветеното.
Граѓаните од СДС не очекуваат политизирање и манипулации, граѓаните од СДС очекуваат реална работа, Николовски наместо да седи во канцеларија и да дава брифинзи за новинари и да држи празни прес конференции, да излезе на терен и да отпочне да ги решава проблемите на земјоделците.
Земјоделците очекуваат СДС да престане да си игра и да тера маркетинг на нивен грб. Земјоделците од СДС очекуваат реални мерки и проекти.
ВМРО-ДПМНЕ апелира под итно да се донесат мерки за условен увоз на пченица и да се продолжи со дополнителна поддршка од најмалку 6.000 денари на 1 ха за пченицата.
Земјоделците од Николовски очекуваат и да исплати надомест на штетата од последните непогоди. Потсетуваме дека претходната влада исплати 5.5 милиони евра за штети во Пелагонија, Штипско, Струмичко, Полог и 2016-та во Стајковци, Скопско преку 3 милиони евра во 100 проценти од проценетата штета. Владата на СДС имаше повеќе седници, а притоа не донесе никаква одлука за тоа.
Земјоделците од СДС очекуваат грижа и инвестиции како што тоа го правеше Владата на ВМРО-ДПМНЕ.