Во Скопје денеска свечено ќе биде доделен првиот MAMFORCE Standard во Македонија што им се доделува на организациите кои успешно ја организираат работата и работната средина почитувајќи ги принципите на балансиран професионален и приватен живот и овозможуваат еднакви можности за професионален развој и напредување.

Методот на проценка за доделување на стандардот е научно втемелен и развиен во соработка со водечките академски и меѓународни институции. Се проценуваат работните услови и организацијата на работата со посебен акцент на прилагодувањето на потребите на родителите на мали деца, можностите за постепено враќање од породилното/родителското отсуство, развој на мерки за родителско отсуство за татковци, како и можностите за натамошно усовршување, напредување и еднаква родова застапеност на највисоките раководни позиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2017 11:32