Во мај годинава се издадени 241 одобрение за градење што е за 17,5 проценти помалку во однос на мај лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.683.276.000 денари што е за 25,9 проценти помалку споредено со мај минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 133 (55,2 процента) се наменети за објекти од високоградба, 39 (16,2 процента) за нискоградба и 69 (28,6 проценти) за објекти за реконструкција.

Од 241 објект, на 135 (56 проценти) инвеститори се физички лица, а на 106 (44 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.078 станови со вкупна корисна површина од 79.477 метри квадратни.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2017 15:24